Секогаш претставува задоволство да се биде дел од еден ваков настан кога ќе може еден проект којшто е започнат од нула да биде пуштен во употреба, како што е овој спортски комплекс, ова игралиште за кошарка, тука во општина Бутел, рече денеска Христијан Мицкоски на свеченото пуштање во употреба на спортски комплекс во Бутел.
Како што кажа градоначалникот исто така голем успех е кога за истите средства што претходникот ги трошел да изгради едно игралиште вие за истите средства ќе направите две игралишта.
Самото по себе тоа покажува колку домаќински, одговорно, вредно и посветено се работи овде во Општина Бутел.
Јас само можам да им честитам за успесите што ги прават за толку краток период. Градоначалникот во својот говор денеска најави дека за една недела од денеска ќе има уште едно вакво игралиште, започнуваме друго игралиште, потоа рече градинка. Покрај сето тоа во нашиот разговор пред настанот споменавме исчистени се неколку десетици диви депонии, направени се пет паркови, дел од тие паркови се во соработка со ЈП Паркови и зеленило.
Навистина многу проекти, од тоа што сум информиран распишан е тендер за Бутелска за проширување, булеварско решение и навистина многу се посветува овде и тимот работи навистина синхронизирано. Секоја чест и на советот, градоначалникот и на тимот кои се околу него.
Така очекувам да продолжат, посветено, одговорно, чесно. Гледам дека се силно мотивирани, бидејќи бутелчани, граѓаните во Бутел тоа го заслужуваат. Тоа што е ветено во кампањата, мора да се реализира нормално во зависност од средствата и можностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.