Денеска во 11 часот Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот Македонија во Скопје, а децата ќе имаат можност да се фотографираат со него и да се дружат со Биби и Боби и со останатите маскоти. Ќе настапуваат и Скопје Лејдис Орксестра. Вечерната забава ќе почне од 19:00 часот со Јанг Дади, а ќе продолжи со настапите на Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска и Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска и диџеј Ампов.
Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 26 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.
За пречекот на Новата 2024 година на плоштад „Македонија“ ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.
Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат Два Бона, Лозано, КУД „Скопје“, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.
Градските власти ги канат граѓаните да бидат дел од овој празничен базар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.