Државниот инспекторат за труд по поднесената претставка од вработените во Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, утврдил дека тие биле отпуштени незаконски.
Како што информираа од Сојузот на синдикатите, инспекторатот налага да се поништат отказите.
Донесена е Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор“, велат од синдикатот.
Синдикатите очекуваат Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе ја одржи денес, постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците, да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места.
СУТКОЗ и ССМ изминатиот период укажуваа дека раководството на Комунална хигиена Скопје треба да го почитува законот и колективните договори и дека постапките кои се преземаат се ништо друго туку реваншизам кон работниците за нивната синдикална борба. Се апелира на дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.