Во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски” поставен е повратниот вендинг апарат на „Пакомак” за селектирање и рециклирање пластични шишиња и лименки, соопшти денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Процесот со собирање отпад и негово селектирање на пластични шишиња од максимум 1.5 литри и лименки од пијалоци е веќе започнат и во него учество земаа сите ученици и наставници. Со селектирањето на отпадот, помагаме секому – себеси, на заедницата и на природата! Благодарност до “Пакомак” за соработката во насока на едукација на нашите најмлади жители да создадат навика од рана возраст за грижа за природата. Да селектираме за да создадеме навика, а не обврска, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.