Животоспасувачка драма имало во скопската Зоолошка градина, каде што минатата недела вработените буквално враќале во живот едно од бебињата мајмуни, белорак гибон.
Седуммесечено гибонче, отфрлено од мајката, се давело во езерото во зоолошката.
Вработените го реанимирале 40 минути за да го спасат. Сега неговата грижа е доверена на зоо-негувателката Зера Бекировска, која, кога не е на работа, мајмунчето го чува дома.
Оваа негувателка се грижеше, додека беа бебиња, и за павијанот Лука и неговото братче Дино, миленици на многу деца. Нив ги одгледаа вработените во зоолошката, откако мајката ги отфрли.
Целата сторија на „Нова Македонија“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.