Екипите на ЈП Улици и патишта денес продолжија со извршување на работните активности предвидени за големата пролетна акција на подрачјето на општина Центар.

Во текот на денот поставени се осум звучни сигнали за лица со нарушен вид на семафорите на крстосниците бул. „Партизански одреди“ пешачки премин „Сити мол“, бул. „Илинден“ кај Матична служба и на ул. „Димитрие Чуповски“ пешачки премин „Рекорд“.

Обележани се такси станиците на неколку улици и тоа УЛ. „Народен фронт“ кај Цветниот пазар, улица „Аминта Трети“, бул. „Мајка Тереза“, бул. „Свети Кирил и Методиј“ и пред поликлиника „Јане Сандански“ со вкупен капацитет на 31 возило.

На улицата „Димитрие Чуповски“ санирана е површина на оштетувања во асфалтот од 15 метри квадратни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.