Попладнево мајка со своето дете се лизнала и паднала во реката Вардар, во близина на Музејот, објави Алсат.

Мајката и детето биле спасени од неколку млади момчиња кои влегле во реката и успеале да ги извлечат. Количката останала во реката.

Соопштено е дека и мајката и детето се добро и без сериозни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.