Македонија и денеска се гуши во ПМ 10 честички. Мерните станици во Скопје покажуваат зголемено присуство на штетните честички во воздухот и до десет пати над дозволената граница.

Граѓаните кои сакаа да видат сонце и да подишат почист воздух побегнаа на Водно, а за возење со скопската жичница имаше километарска редица и во доцните попладневни часови.

Скопје веќе неколку дена по ред е под густа магла која е карактеристична за градот поради местоположбата. Но, овој пат таа е во комбинација со аерозагадувањето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.