Овие три дена општина Бутел беше домаќин на повеќе од 250 деца од целата земја, кои низ фудбалот се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници. Организатор на Новогодишниот турнир беше ФК Бутел, а опкровител општината.

Ја продолжуваме традиција и оваа година со задоволство како Општина Бутел бевме целосни покровители на вториот новогодишен турнир за младински категории во фудбал.
🏆 Обезбедивме квалитетни услови за игра, медали и пехари, исто така обезбедивме и новогодишни пакетчиња и благодарница за секој учесник.
🥇 Заедно со македонските спортски величини Кочо Димитровски и Дејан Георгиевски ги поделивме наградите за најдобрите.
⚽️ Овие три дена Општина Бутел беше домаќин во спортската сала “Антон Димитров” на над 250 дечиња од цело Скопје и Македонија кои низ фудбалската игра се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници.
Благодарност до ФК Бутел како технички организатор на овој убав турнир.
Општина Бутел и јас како градоначалник ќе бидеме постајани партнери на младите и секогаш срдечно ќе го поддржуваме спортот! ✅



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.