Педесет или само една ѕвезда, за градоначалникот на Центар Горан Герасимовски и не игра голема улога.

Герасимовски споделил објава од Американската амбасада, па ја украсил со знаменце, но погрешно.

Наместо знамето на Соединетите Американски Држави, тој искостил симбол за знамето на Либерија. Исто е, ама не е исто.

Впрочем, Герасимовски доаѓа од партија која има богата историја на погрешени знамиња. Многу светски државници кои дојдоа во земјава, беа претставени со погрешно знаме. Австрија и Латвија, Словенија и Словачка, Франција и Холандија, Шпанија и Португалија, па дури и Аризона и Македонија…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.