Црвениот крст – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина денеска по 22-ви пат организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција се спроведува во Домот на АРМ во Скопје од 9 до 17 часот.

Како што соопшти Црвениот крст, целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период поради можноста од недостиг од крв и крвни деривати.

Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Почнувајќи со 146 дарувања во 2003 година, денеска, по 21 реализирана акција, се зборува за вкупен број од 4509 единици крв или во просек 214 крводарители по акција, информираат од Црвениот крст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.