Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција преземаше предистражни дејствија и во координација со ОСОСК до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски како градоначаник на Општина Карпош, пет лица вработени во истата општина во Секторот за урбанизам и правно лице ФЕРШПЕД АД Скопје, сите за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од КЗ.

Имено, по поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, од страна на пријавените пет вработени во Општина Карпош било излезено на лице место, бил изготвен записник за увид на место во кој спротивно на Законот за градење и Законот за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација-тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација иако таков вид на објекти се времени објекти и истите не можат да бидат предмет на легализација, по што истите изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, на кој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3993 м2, односно да се стекне со противправна имотна корист во износ од 147.341.700,00 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.