Денес започна целосна реконструкција на над 10 улици во Љубанци, oбјави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Тој информираше дека кракот на улица „4“ и крак на улица „6“ во населеното место викано Пештер за првпат по машинското гребење и поставување на нов тампон ќе добијат асфалт. Дополнително ќе биде уреден паркигот на улица „4“ пред црквата „Св. Никола”.

Исто така, новото детско игралиште во близина на ООУ „Гоце Делчев“ е во завршна фаза и ќе биде готово наскоро.

Градежната експанзија започна со силна динамика. По завршување на предвидените улици во Љубанци ќе продолжиме во Љуботен.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места, вели Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.