Сите овие луѓе кои што седат тука и сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ успеаја да покажат дека немаат проблем да дадат жртва, да бидат надвор од удобството на своето семејство, многу ретко да ги гледаат дома и да и да работат многу повеќе од она што ни е работно време и токму затоа се запазени ти резултати кои што се евидентни. И второ, коешто е многу побитно, е несебичноста или чистата љубов за Македонија којашто вистински вмровец секогаш има и токму затоа работи за неа, за разлика од сите политички партии коишто за жал ја немаат и тоа мислам дека е евидентно, истакна во своето обраќање на трибината на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Костовски исто така наброја и неколку од реализираните проекти откако тој е градоначалник на општина Бутел каде меѓу другото се изградени голем број на спортско рекреативни центри.

Би почнал со двата носечки проекти кои што пред изборите беа најавувани од мене веќе се реалност и некаде од септември ќе стартуваат и со нивната употреба во целост, а тоа е ново училиште во населеното место Визбегово и нова детска градинка во населеното место Бутел 1 коишто се веќе завршени за година ипол. Досега успеавме да изградиме шест спортско рекреативни центри. Не станува збор за спортски терени туку за спортско рекреативни центри кои што содржат модерно фудбалско игралиште, модерно кошаркарско игралиште, парковска содржина, мини плоштад и детско игралиште и некаде до крајот на третата година од мандатот убеден сум дека секое населено место во општина Бутел ќе добие по еден ваков спортско рекреативен центар. Во овој момент се гради уште еден во населеното место Бутел 1 и за многу скоро, за некој ден ќе почне уште еден спортско рекреативен центар во населеното место Љуботенски Пат кој што ќе го носи името „Бранители“, истакна Костовски.

Тој додаде дека за година ипол се изградени вкупно дванаесет спортски игралишта

Ова се само спортски терени и би сакал да напоменам дека за година ипол сега се изградени дупло повеќе спортски игралишта отколку 32 години наназад на територија на општина Бутел, а до крајот на мандатот ќе има над 25 спортски игралишта територија на општина Бутел“, изјави Косотовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.