Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека со конкретни примери ќе го смени негативното мислење за политичарите.

-Една година помина од како ја добив вашата доверба да бидам градоначалник на општина Бутел, лично се уверив дека можело поинаку – нагласи тој.

Во таа насока, тој ги соопшти конкретните чекори со кои се покажува домаќинското и вредно работење во локалната самоуправа.

„0 денари за трошоци по кафани (репрезентација). 0 денари за патување во државата. О денари за патување во странство. О денари за користење на службено возило. Буџетот на општина Бутел и најважниот постулат во моето делување, пристапот мора да биде домаќински и чесен. Потоа резултатите доаѓаат сами – потенцираше Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.