Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, денеска се сретна со младите спортски надежи, Петар и Влатко Цекови, кои ќе добијат младинска спортска стипендија од општината, и помош за некои поголеми натпреварувања.
Браќата Петар и Влатко Цекови од Општина Бутел се голема надеж на македонското пливање
Петар на 13 години оваа година станал сениорски првак во дисциплината 1500 метри слободно, додека исто така е шампион и во неколку други категории. Влатко во пионери е државен првак во 50 и 100 метри слободно, 50, 100 и 200 слободно, а и двајцата имаат значителни меѓународни резултати.
Посакувам еден ден да ни донесат олимписки медали.Општина Бутел е врвен расадник на нови спортски таленти, најспортската општина во Македонија нема потреба да се грижи повторување на врвните спортски резултати и во иднина, порача Костовски по средбата со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.