СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР “БРАНИТЕЛИ” ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО ЉУБОТЕНСКИ ПАТ, најави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Новиот спортско рекреативен центар кој ќе се наоѓа во населеното место Љуботенски пат а ќе го носи името “Бранители” ќе се протега на повеќе од 5.000 м2.

Ова е место на кое во минатото пораснаа многу генерации но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија.

Спортско рекреативниот центар “Бранители” кој ќе се протега на повеќе од 5000м2 ќе ги има следните содржини:

Ќе биде изградено модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување.

Ново баскет игралиште со специјална подлога

Реконструкција на детското игралиште со нови модерни содржини

Фитнес зона за вежбање и рекреирање

Нов парк и нови зелени површини

Нови пешачки патеки, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување.

Целосно реконструиран е и пензионерскиот дом кој сега ќе биде во целосна функција на спортско рекреативниот центар и ќе биде ново катче за нашите пензионери.

Во изминатиот период беше целонсо расчистена депонијата која се наоѓаше на ова место.

Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат. Добиваат модерна, урбана општина со многу содржини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.