Данела повторно е надвор од реалноста, продолжува да пишува реакции и соопштенија од канцеларија !
Кога Арсовска зборува за право, тоа е исто како кога Осама Бин Ладен би зборел за западни вредности, или Хемингвеј би зборел за градежништво. Ете толку е својствено за Арсовска да збори за право.
Што се однесува за самиот проект најлесно е да се пишуваат соопштенија од канцеларија, веројатно и така е поедноставно да се избега од народот. Но народот на тоа ќе те потсети тогаш кога ќе треба, на избори, до тогаш јас сум заедно со бутелчани да се бориме заедно за решение на секој еден проблем.
Данела, згради во Бутел нема да има, и врати градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.