Благодарам за можноста денеска да продискутираме на една убава тема, една година од нашиот мандат. Како и сите колеги до сега што споменаа, слично а можеби и полошо беше во општина Бутел, целосна апатија на администрацијата, долг од половина милион евра, ниту еден проект испроектиран кој што треба да се испланира за во иднина и тоа што беше најдраматично е ветените 10 носечки проекти кој што претходниот градоначалник ги вети дека ќе ги реализира, а немаше започнато буквално ниту еден од 10-те носечки проекти, изјави денеска градоначалникот на општина Бутел на „Саем на промени што носат иднина“.

Тој истакна дека тоа самото по себе е една драматична ситуација која што им дала дополнително мотив да практично почнеме да ја менуваме бидејќи граѓаните целосно изгубија доверба во општината и градоначалникот.

Но, фала му на Господ тоа се промени во период од една година, граѓаните на општина Бутел забележаа дека може и поинаку, и за само една година успеавме да реализираме околу 200 проекти, меѓу кои 30 поголеми и повидливи. Веќе во првата година започнавме 3 од носечките 10 проекти кои што ги споменавме пред изборите, додаде Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.