Младите жители од Капиштец веќе можат да спортуваат и рекреираат на комплетно реконструираното игралиште, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

Целосно го реконструиравме спортското игралиште на улица Народен Фронт, веднаш спроти ТЦ Беверли Хилс.

На површина од 787 м2 поставени се нови кошеви, нови стативи и голови, заштитна ограда и обележан е теренот, за уште многу партии маалски фудбал и баскет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.