Децата се нашата иднина. Децата се причина за сета наша среќа, за сите наши насмевки. Затоа грижата за нив е секогаш посебен мотив! Инвестирани се 3.000.000 денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“ со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Детската градинка „11 Октомври” доби:
🔴 Нови креветчиња за сите јасли групи во сите клонови
🔴 Нови апаратура во пералната која не е промената од 1978 година
🔴 Нови дидактички играчки
🔴 Нова детска едукативна литература
🔴 Нова помошна апаратура во кујната
🔴 Бела техника составена од професионални правосмукалки намените за подобра чистота во објектите
🔴 Нови табли
🔴 Нови подни подлоги
🔴 Нови душеци, прекривачи, фротирки

Општина Бутел вложува во подобрување на стандардот на образованието, при што посебно се води грижа за децата од преучилишна возраст. Детскиот развој ни е врвен приоритет затоа и во иднина континуирано ќе вложуваме во градинките, додаде Костовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.