Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје, соопштија од претпреијатието.
Објаснуваат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок и дека екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите, а воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.
Активностите започнаа во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена, велат од Комуналец.
Додаваат дека ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.
Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците, објаснуваат од претпријатието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.