На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, денес, беше потпишан договор за донација од Спорт Лаиф Треид обложувалници, за комплетно реновирање на Одделот за абдоминална хирургија, поточно на делот за пост-оперативна нега на пациентите.
Донацијата во износ од 2.000.000 денари ќе овозможи реновирање на одделот на третиот кат од клиниката, попозната како „Градска болница“ во центарот на Скопје, и ќе ги опфати холот, собите за пациентите и канцеларијата за болничкиот персонал. Нови подови, таван, нови санитарии, водоводни и електрични инсталации ќе бидат поставени на вкупна површина од 395 м2.
Со оваа интервенција капацитетот на одделот ќе биде зголемен за 4 легла, со што ќе се овозможат соодветни услови за постоперативно болничко лекување на 28 пациенти, а во две соби ќе се обезбедат по една комплетно опремена бања во функција на пациентите.
Договорот го потпишаа директорот на Клиниката, др. Љубен Арсенков и Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф обложувалници:
„Со особена чест и задоволство можам да истакнам дека денес заедно со Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, стартуваме со реализацијата на еден значаен проект кој ќе овозможи подобрување на условите за болничко лекување на нашите граѓани. Оваа донација претставува и значаен дел од бројните проекти кои ги реализираме како општествено одговорна компанија. Нашата поддршка е секојпат резервирана пред сè за хуманите цели, онаму каде што е најпотребна, а тоа е здравјето на граѓаните и нивната благосостојба.“ – изјави Петар Поцков од Спорт Лаиф Треид.
Др. Љубен Арсенков, директорот на Универзитетската Клиника за Хируршки болести „Св.Наум Охридски“ изразувајќи благодарност за донацијата истакна: „За вработените во нашата установа најголема награда е задоволството на пациентите, како и задоволството на нивните семејства. Оттука и предизвикот, да се продолжи со проектите за реновирање и подобрување на условите за нивно лекување по повисоки стандарди од досегашните.
Високата фреквентност, стручниот кадар, и долгогодишната традицијата ја чинат Клиниката една од најзначајните здравствени институции во државата, во која се потребни инвестиции за нејзино реконструирање и подобрување на севкупните услови за работа и лекување на пациентите.
Оттука, денес, ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф Треид за нивната поддршка и значајна донација за комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите од Одделот за абдоминална хирургија. Со реализацијата на овој проект целосно ќе се заокружи реновирањето и санацијата на хоспиталниот дел од клиниката. Со тоа се создаваат пристојни услови за третман и нега на хируршките болни.
Оваа донација е само продолжување на еден извонреден тренд од изминативе пет години, во кој со помош на пријателите на клиниката и менаџментот на установата, се обезбедени повеќе од 1 200 000 евра од донации за реконструкција на клиниката. Она што мене посебно ме радува е фактот што во обезбедувањето на средствата учествуваа и голем број вработени од клиниката, кои со тоа ја истакнаа својата поврзаност, припадност и грижа за установата во која работат.
Во периодот на изведување на предвидената реконструкција, клиниката ќе продолжи со непречено одвивање на редовните работни процеси.
Во мое лично име, во име на организацискиот директор, г-ѓа Нермин Шаќири, и секако во име на сите вработени, уште еднаш ја потенцираме нашата искрена благодарност кон Спорт Лаиф за обезбедената донација.“ изјави др. Љубен Арсенков.
Проектот се очекува да биде реализиран во период од 2 месеци.
Универзитетската Клиника за Хируршки болести ,,Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје е составена од бројни хируршки одделенија, одделение за интензивно лекување, одделение за анестезиологија и реанимација, одделение за радиодијагностика и биохемиска лабараторија.
На годишно ниво низ амбулантите поминуваат околу 120 000 пациенти со најразлични заболувања. Од нив се хоспитализираат околу 5.500, а кај околу 4.500 се извршуваат хируршки интервенции.
Комерцијален текст
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.