Рано утрово, во 5 часот, жителите на дел од Кисела Вода се разбудија вознемирени. Првата глетка која ја видоа беа неколку возила опожарени, оган и чад.

Екипи на противпожарната бригада веднаш пристигнаа на лице место и го изгасна пожарот.

Поради професионалноста и брзината на пожарникарите, беше спречено дополнително ширење на огнот и предизвикување на поголема штета.

Опожарени се неколку возила кои биле на паркинг простор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.