Новогодишна елка и мизерно луна паркче осамнаа на плоштадот Македонија во Скопје. Наредени и спремни се дрвените куќички, но од нив уште нема знаци на живот.

Ова е сè што засега и новинарите и граѓаните знаат за празничната атмосфера и програма оваа зима.

Прес-конференцијата во врска со Нова година, која градоначалничката Данела Арсовска уште кон крајот на ноември рече дека ќе ја одржи, уште ја нема.

Во меѓувреме на една од телевизиите градоначалничката кажа дека поради кризата украсувањето ќе биде скромно и дека градот не успеал да купи сопствени украси, како што планираше градоначалничката минатата година.

Не се знае дали ќе има дочек и ако има кој ќе пее, дали годинава за разлика од лани ќе дојде Дедо Мраз и ќе има новогодишна програма за деца. Арсовска спомена и дека ќе има домашни изведувачи, но дека дополнително ќе информира за тоа.

Верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни, рече Арсовска.

Денешната анкета на ИРИ, пак, покажа колку се тие задоволни од овој арогантен однос.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.