Данела Арсовска е најголемото зло што му се случило на Скопје во поново време. Данела Арсовска, време ти е за оставка. Изразуваме најдлабок револт и загриженост поради катастрофалните услови во кои се држат животните во скопската Зоолошка градина. Сите ние сме сведоци на неодамнешните трагични настани, кои ги вклучуваат смртта на слоницата, жирафите, пингвините и најновиот – прикривање на смртта на бизонот, кој исто така е починат пред еден месец под неразјаснети околности, рече денеска пред медиумите Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ги повика надлежните институции веднаш да го испитаат работењето на директорот на скопската Зоолошка градина и на градоначалничката на Скопје.
Вели дека мора да се утврди како биле третирани животните и дали биле почитувани сите закони за благосостојба на животните.
Не може да се премине преку фактот дека слоницата, најголемата атракција на Зоолошката градина, тајно е носена, замислете, од скопската Золошка градина до скопската депонија со намера да се скрие нејзината смрт. Каков ум е тоа што мисли дека ќе скрие смрт на слон? Ова е чин на непочитување и отворено криминално однесување. Ја повикуваме градоначалничката на Скопје и од неа поставениот директор Зоран Попов да пристапат одговорно кон ова злосторство врз Скопје и скопјани. Нивното срамно и неспособно раководење доведе до оваа трагична ситуација и тие мора да одговараат пред јавноста и пред законот. Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува со нивните пари и со институциите, додаде Стефан Кирков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.