Градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук се пофали со засадени неверојатни 724.480 дрвја и садници само за една година. Иако глетката во Скопје е далеку од онаа во амазонската прашума, според Арсовска оваа бројка е двојно повисока од реазлизираното минатата година.
Оваа година реализиравме двојно повеќе од претходно: 38.539 м2 нови зелени површини, 76.769 м2 реконструкција на постоечко зеленило, 724.480 листопадни, зимзелени дрвја и садници и нов сезонски насад“, пишува Арсовска на својот фејсбук профил.
Од она што може да се забележи на веб страницата на ЈП Паркови и зеленило е дека тие се пофалиле со истите податоци, од каде додаваат дека Градот Скопје има потенцијал да прерасне во зелен рај.
Додека се очекува Скопје да прерасне во зелен рај, податоците од зелениот катастар говорат дека во градот на јавни површини има околу 65000 дрвја. Под претпоставка дека има уште толку дрвја на приватни површини, се доаѓа до бројката од вкупно 120000 дрвја во целиот град, што јасно укажува дека станува збор за неверојатен гаф на Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.