Јанчева и Шилегов трошеле десетици илјади денари по кафеани, а плаќале по фактури без тендер, велат од ВМРО-ДПМНЕ по обелоденувањето дека поранешната претседателска на скопскиот совет заедно со скопскиот градоначалник трошеле без усул од парите на скопјани по кафани.
На неколку дена пред Нова Година Љубица Јанчева како претседател на Совет од СДСМ и Петре Шилегов како градоначалник на Град Скопје од СДСМ потрошиле над 90.000 денари за гоштевање во кафеана. Тие фактурата ја доставиле за плаќање до секторот за финансии во Градот, иако им е укажано дека не можат да доставуваат фактури за сметки од угостителски објекти со кои претходно Градот нема склучено договор. Јанчева и Шилегов буквално без тендер исплатиле 90.000 денари кон кафеана за флаши виски кои ги пиеле и за бифтеци на путер. Јанчева и Шилегов пиеле виски старо 12 години додека половина милион луѓе едвај врзуваат крај со крај. Општините и Градот Скопје се донесени во незавидна положба од кадрите на СДСМ, а од СДСМ сега во страв напаѓаат зошто се свесни дека на виделина ќе излегуваат сите нивни криминали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.