Поради верскиот празник Рамазан Бајрам, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, информираат денеска од ЈСП „Скопје“.

– Жичарницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу, додаваат од претпријатието.

Автобусите и во сабота ќе возат по неделен возен ред, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.