Советниците на СДСМ кои се дел од Советот на Градот Скопје кои се добро информирани за извештаите и одлуките кои се гласаат на Советот на Град Скопје, би требало точно да знаат во каква состојба ги остави јавните претпријатија Петре Шилегов кој беше градоначалник од нивните редови.
Незавидната финансиска состојба на ЈП Лајка е последица на неодговорното работење на претходното градско раководство. Претпријатието е руинирано, оставено со наследени долгови во износ над 10 милиони денари. СДСМ треба да го праша својот кадар претходниот градоначалник Шилегов зошто во ЈП Лајка биле ненаменски трошени средствата за редовно работење, зошто редовно не биле наплатувани средствата од скопските општини според трипартирните договори,и зошто без мерка се трошеле парите на граѓаните со што е доведено претпријатието во милионски долгови. Лошото управување и трупањето на долгови без мерка е одлика на претходното градско раководство. Работата на кадарот на претходниот градоначалник резултирало со над десет милиони денари натрупани долгови само за ова јавно претпријатие, велат од градското претпијатие во реакцијата на информациите дека во ЈП Лајка има хуман третман на уличните кучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.