Изет Меџити, пратеник од редовите на ДУИ и поранешен градоначалник на Чаир, на својот Фејсбук профил објави информација за свеченото отворање на новата џамија во скопско Нерези.

На свеченото отворање освен градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети, присуствувал и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На настанот присуствувале и високи лица од Исламската верска заедница, како и претставници на црквата Свети Пантелејмон.

Ја поздравувам конструктивноста што во овој процес ја покажа градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. За високата меѓуверска толеранција и соживот меѓу заедниците во нашиот град сведочи и присуството на претставници на црквата Свети Пантелејмон“, меѓудругото, напиша Меџити на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.