На 70 семејства од почетокот на оваа година им се исплатија по 7000 денари парична помош за новороденчиња. Средствата им се доделуваат како првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството и се жители на Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата и лично им ги врачи решенијата за доделување на оваа парична помош заедно со пригодни подароци и на најмладите им посака добро здравје и безгрижно детство.

Оваа парична помош Општина Центар ја доделува тековно секоја година како дел од активностите за детска заштита и во рамки на проектот за првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството и се жители на Центар.

Исто така Општина Центар ги поттикнува сите родители на новороденчиња да го користат правото за користење на парична помош со поднесување на барање и потребната документација најдоцна до наполнување на шестиот месец на новороденчето.

Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите кои претставуваат најголема радост за секое семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.