ЕСМ Снабдување со топлина информира дека се одвива акцијата за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење.

Акцијата за приклучување се спроведува по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а важи за сите заинтересираните корисници кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за топлинска енергија. Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор, информираат од ЕСМ Снабдување.

За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, а најдоцна до 31 август, да поднесат писмено барање во приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина. По завршување на акцијата, односно од 1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.