На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација денеска успешно исчистија дива депонија по должината на кејот.

Како што посочи Град Скопје, станува збор за исчистена површина од две илјади квадратни метри, а биле собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут.

Градоначалничката Арсовска извршила надзор над работата, а биле истакнати и останати локации каде што е потребно интервенција на службите на градот и јавните претпријатија.

Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.