СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години. СДСМ во изминатите години без план, без проекти, брз реализација го презадолжија градот и јавните претпријатија ги оставија како загубари, реагираат од Град Скопје.

СДСМ не можат да се помират со фактот дека граѓаните го казнија нивното недомаќинско, расипничко владеење и повеќе нема да можат да трошат народни пари за луксузирање по кафани.За нешто повеќе од два месеца градоначалничката Арсовска и Град Скопје исчистија над 120 депонии во Скопје, градот воспостави интензивна комуникација со граѓаните, се отпочнува со реконструкција на 10 булевари во Скопје, се стави во функција жичницата до врв на Водно, секој денар домаќински се наменува за ефикасни услуги за граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.