Се оставаат ли намерно да пропаѓаат спомениците низ Скопје или целосната негрижа околу нив може да се препише на незаинтересираноста или незнаењето на „менаџерката“ на Градот?

Десет години по откривањето на споменикот на Паднатите херои за Македонија кој завршува со статуата на Прометеј во Жена парк, баш спроти зградата на Парламентот, денес ретко кој ноќе би се осудил да помине покрај него. Фонтаната едвај работи, светлата се откорнати, метла одамна не заиграла.

На местото каде дење деца си играат додека нивните баби и дедовци одмараат на клупите, сега е полно со ѓубре, а кабли со струја висат како украси.

Граѓаните го платија овој споменик како дел од проектот Скопје 2014. Без разлика дали некому во Градот му се допаѓа или не е по негов вкус, должност им е да го одржуваат, но најверојатно го чека истата судбина како подната фонтана на Плоштад.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.