Поранешниот директор на ЈП Градски паркинг Бојан Христовски во вечерашната емисијата „24 Отворено“, потенцираше дека секаков тип на проблеми и нарушени релации на комунукација помеѓу институциите создава проблем.

Христовски вели дека за справување со енергетската криза како директор имал идеја да постави фотоволтаици на паркиралиштата и катните гаражи, со цел да се справат со енергетската криза и самото јавно претпријатие да произведува струја, односно, како што рече, дел да користи, а дел да се продава, но бил игнориран од градоначалничката и од Град Скопје.

Се обидовме да се соочиме односно да направиме припреми за соочување со оваа криза и за да заштедиме ресурси односно оптимизација на самите вработени кои што преку поставување на ред и дисциплина во работењето би се искористил максимално кадровиот потенцијал на секое јавно претпријатие. Друго заштеда на ресурси преку поставување на фотоволтаици кое што ни беше идеја преку креирање на специјално изработен проект за поставување на фотоволтаици на нашите паркиралишта, отворени и затворени, но не стигнавме далеку со тоа, бидејќи немавме поддршка од Градот Скопје. Енергетска заштита односно термо изолација на сите објекти на градски паркинг, поставување на плински уреди на возилата. И многу други мерки, промена на осветлувањето во катните гаражи 26ти Јули и Бело, поставени се лед светла и сензори кои што значително ќе ја намалат потрошувачката на електрична енергија. Има повеќе момент кои што може да се прави, но за сето тоа треба добра координираност во градот и останатите јавни претпријатија. Со мојот тим имав идеја поставување на фотоволтаични на катните гаражи, но од старт, не дека не добивме поддршка, туку не добивме разбирање. Планиравме во идно време да се постават и фотоволтаични уреди и на поголемиот од зонските паркиралишта во Скопје, рече Христовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.