На претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната седница му беше ускратено правото да го регулира говорот на говорниците. Ова право на претседателот на Советот му е дадено со цел да не дозволува од говорницата да се користи говор на омраза, навреди по национална, етничка припадност, навреди на лична основа.
„Копчето на претседателот му е дадено за да може да ја води седницата, затоа што било кој од говорницата може да изнесува навреди врз етничка, национална, лична основа и претседателот тоа мора да го спречи. Оваа седница ќе ја завршиме на овој начин“, рече претседателот на Советот, Трајко Славески.
Тој додаде „јас ве уверувам дека нема да почнам седница по завршување на оваа седница, доколку не се врати опремата која на претседателот на Совет му обезбедува контрола врз дискусиите на лицата кои излегуваат на говорница“.
На денешната седница на Советот на Град Скопје претседателот не му беше овозможено да работи согласно Деловникот. Со опремата која е во надлежност на претседател на Совет или копчето со кое се регулира дискусијата во смисла да нема навреди и слично раководеа служби на Градот. Заменикот на Арсовска советникот од ГРОМ, Александар Трајановски јавно призна дека свесно и намерно му било одземено тоа право на Славески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.