Советот на Град Скопје на  денешната седница  расправаше и  донесе одлука Град Скопје  да реализира голем инфраструктурен проект за целосна реконструкција на улицата „Славка Динкова“, општина Кисела Вода.

Проектот  ќе се реализира преку меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода.

Со овој проект се предвидува изградба на атмосферска канализација, целосна реконструкција на коловозот и пешачките патеки, како и поставување на ново улично осветлување.

Улицата „Славка Динкова“ е една од најголемите улици во населба Драчево и истата претставува конектор – сообраќајница која ги поврзува поголемите собирни улици во Драчево со магистралната улица „Јустинијан Први“.

Проценетата вредност на овој проект изнесува 50.500.000 денари и средствата ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, додека Општина Кисела Вода ќе учествува во проектот со изработка на техничка документација и решавање на евентуалните имотно правни односи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.