ЈП Дрисла вечерва одбиваат да го примат собраниот отпад од општините каде градоначалниците доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. Вработените на капија не дозволија да се исфрли отпадот собран од Општина Аеродром и Општина Кисела вода. Пред Дрисла беа градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓоргиевски кои заедно со Муцунски ги уверуваа вработените дека ќе си платат за услугата. Но сепак тие не дозволија да се фрли собраниот отпад. Ѓубрето не било собрано и дистрибуирани со дозвола на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, брифираат извори во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Дека ќе има проблеми со фрлање на сметот не беше нешто што не се очекуваше. Претходно Муцунски изјави дека ќе биде предизвик каде да се носи ѓубрето.
– Предизвик ќе биде каде ќе се носи ова ѓубре, би требло во „Дрисла“ да се носи истото и пробуваме повеќе од еден час да стапиме во контакт со ЈП „Дрисла“ но немаме никаков одговор од нивна страна дали ќе може да се однесе ова ѓубре таму иако тоа би било очекувано и нормално. Да видиме како ќе се развива ситуацијата вечерва, ќе бидеме на терен граѓаните треба да знаат дека ние како градоначалници на територија на Град Скопје ќе бидеме присутни и ќе бараме начини да го решиме овој проблем, изјави Муцунски
Тој посочи:
Заедно со претседателот на Советот Дејан Митески, со општинската администрација, со одговорните во општината сме на терен да почнеме да решаваме едно прашање кое не е во наша надлежност, прашање кое е во целосна надлежност на Градот Скопје, прашање за кое сите ние како жители плаќаме месечно за да се решава оваа услуга. Општината Аеродром каде што има највисок степен на наплата на оваа услуга која повеќе од 4 дена не се подигнува ѓубрето од јавни површини.
Тој нагласи дека подолг период алармираат за лошото функционирање на ЈП „Комунална Хигиена“, за на крај заради неумесно функционирање на ова ЈП граѓаните на најлош начин да видат што навистина се случува.
Муцунски додаде дека обврска како политичари не е да ги воочуваат проблемите туку кога постојат предизвици да ги решаваат истите.
– Јас во мојот дел на надлежности постојано имам предизвици и несогласувања но никогаш не дозволувам на ваков начин јавноста да страда и да ги гледа негативните последици на она што се случува. Ова што го дозволија од страна на градот Скопје и ова ЈП да се случи е да создадеме здравствен ризик за нашите граѓани Иако не е наша надлежност преземаме конкретни мерки. Ние имаме ограничена механизација, таа механизација и нашите работници веќе се на терен. Исконтактирав со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, благодарение на ажурноста и интересот на Иван да ни помогне во овој предизвик во секој момент очекуваме да пристигнат две големи возила од Општина Штип кој ќе имаат капацитет да поченеме да ги празниме контејнерите, истакна Муцунски.
Додаде дека четири дена воопшто не е ништо направено од страна на градот и покрај нашите апели што значи дека ние веднаш нема да можеме да го решиме ова но ќе дадеме максимални напори ова да почнеме да ги враќаме работите во нормала
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.