Поголем број полицајци патролираат во општина Центар, односно во Дебар маало, по неколкуте инциденти што се случија на тој потег последните денови.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, по состаноците со Игор Стаменковски Командир на ПС Беко и Орце Спасовски Началник на ЕВР Центар и Бит Пазар, добил уверување дека поголем број полицајци ќе патролираат низ Центар, до декември.
Герасимовски апелира и до родителите будно да ги следат децата, да работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно злоупотреба на дрога која е огромна опасност кај младите.
Тој ги повикал родителите да потпишат петиција со која Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и Министерство за труд и социјална политика и МОН, да изнајдат мерки и механизми за намалување на меѓуврсничкото насилство и девијантното однесување.
– Бараме измена на одредени членови во законите. Самата петиција, се собираат потписи и ќе биде доставена до сите медиуми. Ако сте прошетале деновиве низ Дебар маало и низ општината, може да забележите зголемено присуство на полицијата кои се на улиците. Целта ни е онаа малолетна деликвенција и оние немили настани да ги искорениме – рече Герасимовски на прес-конференција каде се промовираа „Маалските игри“.
Герасимовски ги посочи бездомниците како дел од проблемот и вели дека без разлика што тие ги отсрануваат импровизираните живеалишта на бездомниците од неколку локации, вклучително и спроти МОН, тие повторно се враќаат, а за да се реши тој проблем, потребен е поголем ангажман од МТСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.