Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Здружението на пензионери од Кисела Вода го одбележа денот на пензионерите.
Тој им се заблагодари за нивната жртва и истрајност во градењето на татковината и им порача дека тој и Владата на Република Македонија секогаш ќе бидат нивни партнер, а тоа го докажуваат и со дела.
Нека е честит Денот на оние на кои им должиме сѐ – нашите родители, баби и дедовци, нека е среќен денот на пензионерите!
На 20 септември се одбележува Светскиот ден на пензионерите, а на мое задоволство, присуствував на пригодната прослава на З.П. од Кисела Вода.
Помеѓу нив се чувствувам најпријатно.
Се чувствувам како дома и секоја мајчинска прегратка, секоја силно стисната рака за поддршка за мене е највозвишено чувство.
На овој ден, сакам од срце да ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, истрајна желба и посветеност во градењето на нашата Република Македонија.
Со вашата мудрост и знаење кое ни го пренесувате на нас помладите генерации, вие сте трајно врежани во темелите на татковината.
Велат, во младите е силата но во повозрасните е мудроста и искуството и затоа јас ви се поклонувам.
Мојата поддршка пак, драги пензионери, ќе ја имате постојано бидејќи вие го заслужувате тоа.
Така беше изминатиот период преку воведување мерки за директна помош и олеснување на секојдневието, така ќе е и понатаму.
Ваш искрен партнер и рака за поддршка е и новата влада предводена од Премиерот Христијан Мицкоски која на дело покажува вистинска грижа и почит за вас.
До следното видување кое ќе биде за скоро, да сте ми живи и здрави! – рече Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.