Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за време на вчерашната посета на градинка во населбата, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, им се придружи на дечињата, кои цртаа со дрвени боички.

За ова извести Општина Карпош на социјалните мрежи, а на една од фотографиите се гледа и што им нацртал градоначалникот на децата – голема зграда со многу прозорци и посебно нагласен покрив.

Јакимовски на фејсбук објасни дека тој нацртал градинка.

Мојот цртеж од вчера. Нова детска градинка, енергетски ефикасна со обновливи извори на енергија на покривот, детски игралишта и зеленило за среќни насмевки на сите дечиња во Карпош“, напиша градоначалникот на Карпош на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.