Градоначалникот на општина Ѓорче Петров информира дека повторно е исчистена дивата депонија на последна 4.
Реакциите за расфрланиот отпад се оправдани. Но не и неодговорноста на поединци, вели тој.
Ова е локација, која жителите на Ѓорче Петров често ја посочуваат поради нехигиена, е десетици пати чистена.
Но, по десетина дена, тука повторно е полно со отпад, од домашно ѓубре до кабаст отпад.
Со ова, не само што се оптоварува општината и комуналната служба, туку се гази по жителите. Тие секојдневно живеат во смрдеа и отпад. Катастрофа. Се повеќе се размислува во насока на формирање на страници на социјалните мрежи, каде секое лице кое ќе биде фатено и снимено како нелегално депонира отпад и ја загадува околината, со тоа, загрозува здравјето, јавно да биде објавено. Се прават консултации како тоа би се регулирало од правен аспект. До тогаш, би било добро секој од нас, секогаш кога ќе затече лице кое нелегално депонира отпад, да го сними, фотографира, да испрати податоци и да алармира, апелира градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.