Градежните работи за продолжување на булеварот „Борис Трајковски“ до населбата Драчево течат со посакуваната динамика, информира градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.
Тој соопштува дека заедно со претставници од градот Скопје, кој е директно задолжен за изведбата во координација со општината, е извршен увид во активностите на терен.
На овој потег кој води од населбата Пинтија до влезот на Драчево, пред мостот на Маркова река се изведува модерно булеварско решение во должина од над два километри, кое е продолжение на булеварот кој води низ Кисела Вода.
Во моментов, интензивно се работи на процесот на експропријација на приватното земјиште, кое во најголем процент е во сопственост на деловни субјекти.
Очекуваната временска рамка за завршување на овој голем инфраструктурен проект е до крајот на оваа година.
Со ова ќе се намали метежот, ќе се зголеми безбедноста и ќе го олесни сообраќајот за преку 70 000 лица од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои секојдневно ја користат оваа делница, а дополнително, бенефит ќе имаа и за индустриската зона лоцирана во овој дел на градот – вели градоначланикот Ѓоргиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.