Град Скопје реагира на обвинувањата на член на Советот на Град Скопје, советникот Филип Јаневски од партијата „Глас за Македонија“ дека добил закани од страна на в.д. директорот на ЈСП, Александар Стојковски.
Оттаму ги демантираат обвинувањата и вината ја насочуваат кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Работата на ЈСП е саботирана од страна на советниците на Мицкоски во обид да се руинира претпријатието во време на криза.
Коалицијата на Мицкоски која е власт во Град Скопје, носи директна одговорност за неуспесите со кои учествува и раководи преку своите членови во сите управни одбори на јавните претпријатија.
Апелираме советниците да ги надминат партиските стеги и наместо познатата лицемерна матрица на обид да се прикажуваат како жртва, да работат за доброто на скопјани и реализација на програмата “За Модерно Скопје”, наместо да ја саботираат, пишува во реакцијата испратена од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.