По повод оставката на заменик градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази стигна и реакција од Град Скопје.

Тие велат дека Абази не била партиско решение и на функцијата заменик била назначена како личност која треба да ги застапува интересите на граѓаните.

„Искрено жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот и скопјани, но тоа е нејзина одлука. Департизацијата во институциите мора да биде постулат врз кој ќе се градат професионални јавни институции, а секој кој партиските интереси ги става над јавниот интерес, јасно е дека не може да функционира во насока на соодветно застапување на скопјани“, додаваат од Град Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.