Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје денеска соопшти дека ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“. Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани од 18 часот во сабота (1 октомври) до 5 часот во недела (2 октомври).

Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје“, соопштува ЈСП.

„Бела ноќ“ и годинава ќе биде мултимедијална вечер со богата културна програма која ги опфаќа сите културни установи. Ќе има изложби, театарски претстави на отворено, настапи на камерен оркестар, кино проекции, магионичарско и жонглерско шоу, настапи на диџеи и поетски читања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.