Градот Скопје донесе одлука за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани и фондации, од областа на социјалната, детската и здравствената заштита во градот Скопје, за 2022 година.

Како што соопштуваат оттаму, поддржаните проекти и програмски активности од годишниот повик се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година, и тоа:

– Остварување социјална заштита на лица со попреченост;
– Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани;
– Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности;
– Унапредување на здравствена заштита;

На јавниот повик кој беше објавен во февруари, организации поднесоа барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, наменети за финансирање проекти и програмски активности на здруженија на граѓани и фондации, од областа на социјална, детска и здравствена заштита во градот Скопје.

Листа на поддржани проекти и програмски активности може да се погледне тука.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.