Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Оттаму апелираат општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација, како што нагласуваат, со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина.

На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните, се вели во соопштението на Град Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов претходно изјави дека со пожарот во Расадник зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, но оти нема да се прошири на околните објекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.